Државната изборна комисија објави упатство за гласање на граѓаните. Во него во неколку точки се појаснуваат начинот и процесот на гласање на избирачките места.
Во земјава денеска се одржуваат редовни парламентарни избори истовремено со вториот круг од претседателските избори. Ова се единаесетти избори на кои треба да бидат избрани 120 пратеници за собранискиот мандат 2024-2028 година.
Од 8 до 19 часот денеска ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при Министерството за внатрешни работи.
За претседателските избори ќе можат да гласаат избирачите чии лични документи истекле на 24 јули 2023 година до 24 април, додека на парламентарните избори ќе можат да гласаат граѓаните на кои по кој било основ, по сила на закон или по рок на важност им истекле личните документи од 8 август 2023
Поради одржување на парламентарните и вториот круг од претседателските избори, денешниот ден е неработен за сите граѓани во Република Македонија.
- Гласаа 71 маж и 94 жени, 11 лица не гласале. Имаше пријавено едно лице кое гласаше во куќен притвор за втор круг претседателски и парламентарните избори, појасни Камчева.
Службеници на СВР - Охрид во текот на вчерашниот ден извршиле претрес во дом и помошни простории на две лица од Охрид, осомничени дека се сторители на кривично дело злоупотреба на лични податоци и прекршоци на Изборниот законик
Како што информираат денеска од МВР, не е причинета штета на капијата ни на изборниот материјал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во Велес и велешко денеска гласаат 234 болни и изнемоштени лица. Воедно гласаат и 33 затвореници во велешкиот затвор, информира за МИА, Ребека Бајдевска Ѓошева од ОИК Велес.
Вториот круг претседателски избори и парламентарните избори утре ќе ги следат 1303 домашни набљудувачи, 860 странски набљудувачи и 83 странски новинари, информира на денешната седница на Државната изборна комисија, нејзиниот член Бобан Стојаноски.