Кандидатот за претседател од ДУИ и актуелен шеф на дипломатијата Бујар Османи, како дел од својата платформа ќе бара ветинг за носители на политички функции, преку меѓународен борд којшто ќе го сочинуваат претставници од НАТО, ЕУ и САД.
Членот на ДИК Борис Кондарко, извести дека ДИК ќе ги примени најновите одредби од измените на Изборниот законик, конкретно за правото на глас на лицата кои навршуваат 18 години, односно за важноста на личните документи за идентификација при гласање.
Почна со работа Општинската изборна комисија (ОИК) - Штип изјави денеска претседателот на ОИК - Штип, Виктор Вацев. Посочи дека во тек е ревидирање на состојбата со Избирачките одбори, кои треба да ги спроведат претседателските и парламентарните избори 2024 година.
Државната изборна комисија (ДИК) во контиунитет работи на заштита на податоците на избирачите и заштитата од хакерски напади.
За МИА од ДИК информираат дека дека заклучно со 11 март, вкупно 3 994 лица направиле проверка во Избирачкиот список во подрачните единици и канцеларии, шест лица барале промена на податоците, девет лица барале запишување на своите податоци во Избирачкиот список, а пет бришење.
Кандидатот за претседател на државата на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во изборната единица 3 и изборната единица 4 со речиси дупло поголемо водство пред кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е со двојна предност во изборната единица 3 и речиси четири пати огромна предност во изборната единица 4, во однос на владејачката СДСМ покажува компаративната анализа од анкетата на Институтот за политички истражувања ИПИС
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за време на предизборните кампањи ќе врши засилен мониторинг на вознемирувачкиот говор, како на социјалните мрежи, така и во традиционалните медиуми, информираше денеска претседателот на КСЗД, Игор Јадровски.
Ќе бидам секој ден со вас, со младите и старите, со земјоделците, работниците, пензионерите, малите и средни претприемачи, професорите и студентите!
Мицкоски очекува набрзо да се финализираат листите за пратеници за изборите на 8 мај.