Во Општина Крива Паланка денеска за двојните избори во државата гласаат вкупно 308 болни и изнемоштени лица, во Ранковце 53, a во Кратово 144.
На ден пред Парламентарните и вториот круг од Претседателките избори, денеска ќе гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во старските домови.
За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски новинари. Најмногу акредитирани се домашни набљудувачи - 1078.
За вториот круг на претседателските и за парламентарните избори зголемен е бројот на пријавени болни и немоќни лица, кои денеска ќе бидат посетени од членовите на избирачките одбори за да гласаат во домашни услови.
Од полноќ настапи молкот во пресрет на вториот круг од Претседателски избори и Парламентарните избори кој завршува со затворањето на гласачките места на 8 мај во 19 часот.
Претседателот Мицкоски посочи дека треба да се искористи овој момент со храброст, одлучност и гордо крената глава.
Тој исто така додаде дека шансата за да се промени лошата реалност е на дофат со овие избори и треба само да веруваме дека можеме заедно.
И ќе потсетам дека оваа наша Македонија е создадена од надежите, страдањата и сонот на плејада генерации кои се вградија во темелите кои не држат и во најсилните потреси.
Еве не во предвечерието на финалната одлука за тоа дали Македонија ќе ја вратиме на народот или ќе остане киднапирана во рацете на стотина луѓе, на партиите кои силно ја држат во своите канџи и ја злоупотребуваат и крадат секој ден.
Ве молам размислете, ние немаме друг избор. Македонија! Македонија вечна! Македонија сме ја наследиле, ќе ја оставиме на идните поколенија!