Клучна тема на вчерашниот состанок биле претседателските избори, велат од ЕСП, и во наредните денови ќе донесат одлука околу изборот на претседателски кандидат, како и листите за пратеници, но како што беше посочено, одлуката ќе се носи откако ќе ја финализираат предизборната програма.
Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска одговорајќи на новинарско прашање околу кандидатите за претседател на државата, посочи дека има повеќе еминентни можни кандидати кои се предложени.
Ако се бара консензуален кандидат како што сум јас, тогаш би прифатил таква понуда, изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи вечерва во интервју за телевизија Алсат, како одговор на новинарско прашање дали би прифатил да биде претседателски кандидат.
Консултативниот состанок, го најави Таравари, откако претходно приврзаниците на Зијадин Села, претседател на Централното Собрание, закажаа состанок на ова партиско тело, за во сабота во Скопје.
Државната изборна комисија може да функционира со шест члена, тоа е согласно Деловникот, изјави денеска претседателот на ДИК Александар Даштевски, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Меморандумот за соработка со МИА.
Тој потсети дека на овој ден изборните комисии ширум светот организираат тркалезни маси, дебати, работилници, средби со граѓани и слично, со цел да ја истакнат посветеноста на заштитата на правото на глас, како едно од основните човекови права и слободи.
Кандидатот кој ќе биде претходно пријавен и ќе ги исполни пропишаните услови ќе биде одбран на Конвенција која ќе се одржи на 2 март во Скопје, согласно одлуката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на Собранието, Јован Митрески вечерва соопшти дека претседателските избори ќе ги распише на 14 февруари. Посочи дека планира на истиот ден да ги распише и парламентарните избори.
Претседателот на СДСМ Димитар Ковачески истакна дека со ДУИ имаат нормална комуникација. Како што посочи, уште се одвиваат разговорите за тоа дали ќе настапат со заеднички листи, а одлуката ќе зависи од анализите кои се прават како и од одлуките на органите на сите партии.
Гордана Силјановска-Давкова, која на минатите претседателски избори беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека се уште размислува дали да се кандидира на претседателските избори.