И сега замислете го говорот, кога ние сме велеле твоја Македонија, горда Македонија, тоа бил екстремен национализам, зошто сме мислеле само на Македонецот.
Двајцата кандидати за претседател Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова се на ставот дека граѓаните треба да излезат на гласање на 8 мај кога треба да се одржи вториот круг од претседателскиите избори. И двајцата вечерва се оградија од повиците за бојкот.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не прифаќа условувања и со никого нема да прави политички дилови, затоа што ова е прашање на иднината на државата и со неа нема тргување, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашниот митингот во Драчево.
Кандидатот за претседател поддржан од СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски истакна дека со сегашниот став на опозицијата или ако утре таа биде власт, до 2050 година нема да бидеме земја членка на Европската унија.
Кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова вечерва изјави дека ја прифаќаат Преговарачката рамка, но не и уставните измени.
Тој пред граѓаните рече дека се фокусирани да го постигнат најдобриот резултат на претстојните избори на 8-ми мај и повика на мобилизација на сите демократски и прогресивни сили за, како што посочи „ да се спречи враќањето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ“.
Претседателскиот кандидат на коалицијата предводена од СДСМ Стево Пендаровски вечерва ги повика кумановци на масовна излезност на изборите на 8 мај за државата, како што рече, да продолжи да чекори по европскиот пат.
Апелираме до албанската опозиција уште еднаш да ја преиспита својата одлука, нека се определат за друг простор или некој друг ден, сите заедно нека придонесат за слободни и демократски избори по европски стандарди кои и ние и тие ќе имаме можност да ги презентираме своите програми
Тој порача дека не е време за откажување, за кревање на рацете од битката за Македонија и затоа на 8-ми мај треба да се спротивставиме на желбите за изолација.
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) соопшти дека Вишиот управен суд ја потврдил одлуката во врска со приговорот од организатор на изборна кампања за вработувањата во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.