Гласањето на трите избирачки места во кумановско каде вчера имаше прекин повеќе од три часа нема да се повтори бидејќи тоа не влијае на конечните резултати, а ќе бидат разрешени и избирачките одбори на овие избирачки места, одлучи Државната изборна комисија.
Полициската станица, административната зграда на СВР- Охрид, противпожарната служба и затворското одделение во Охрид ќе бидат дислоцирани од централното градско подрачје.
Треба да сте достоинствени и во поразот. А вчера ВМРО-ДПМНЕ, со резултатите на првиот круг на изборите ја победи целосната владина коалиција убедливо.
На прашање за прогноза за исходот од парламентарните избори во изборната единица четири, Николоски рече дека е неблагодарарно да се прави таква пресметка, имајќи предвид дека се работи за различен тип избори.
Почитувани претставници на медиумите денес продолжуваме со кампањата за парламентарните и претседателските избори, денеска се спојуваат повторно двете кампањи.
Честитки и поддршка за Гордана Силјановска Давкова стигнаа и од Меѓународната алијанса на центар-десно ориентираните партии – Меѓународната демократска унија (International Democracy Union) – IDU.
Артан Груби од ДУИ на денешната прес-конференција пред Општина Чаир се појави со куфер. Тој со стихови од рап песна објасни дека куферот е за албанската опозиција од која побара да ги депонираат оставките.
Џилијан Стирк, шеф на мисијата ОБСЕ/ОДИХР во контекст на законската рамка истакна дека таа е основа за демократски избори, но оти не регулира во доволна мера некои од важните елементи на претседателската трка.
Вчерашниот датум, 24 април, оваа криминална власт го доби жолтиот картон, а црвениот и следува на 8 мај.
„Еееј, Македонијо, ти си бисер балкански“, се ореше во средата вечерта во центарот на Скопје, додека поддржувачите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ го славеа резултатот од првиот круг од претседателските избори.