Вториот круг на гласање на 8 мај ќе се совпадне со парламентарните избори. Речиси целосните резултати од гласањето покажаа силна промена во корист на кандидатката поддржана од главната опозициска коалиција на десниот центар, ВМРО-ДПМНЕ, наведува телевизијата.
На победата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова во првиот круг и на големата предност што ја доби во однос на актуелниот претседател Стево Пендаровски, акцентот го ставаат грчките медиуми во текстовите за вчерашните претседателски избори
Порталот информира дека според Државната изборна комисија, со преброени 90 отсто од гласовите, Силјановска-Давкова, која е поддржана од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, извојувала победа со речиси 40 отсто.
„Политико“ наведува дека вчерашното гласање покажало „силно поместување“ на гласачкото тело во корист на кандидатката поддржана од коалицијата на „главната опозициска конзервативна партија“ ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова.
Гордана Силјановска Давкова, претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашниот прв круг избори за шеф на државата, победи во 60 општини во земјава, кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски освои најмногу гласови две
Градоначалникот на Гостивар и кандидат за претседател на Коалицијата Вреди, Арбен Таравари во општина Гостивар освои 9 895 гласа (33,47%), само 75 повеќе од кандидатот на ДУИ Бујар Османи, кој доби 9.820 гласа (33,22%).
Трет е Бујар Османи од ДУИ со 120.903 (13,36%), Арбен Таравари од коалицијата Вреди има 83.356 (9,21%), Максим Димитриевски од ЗНАМ има 83.787 (9,26%), Билјана Ванковска поддржана од Левица 41.172 (4,55%) и Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 8.103 (0,90%).
Во резолуцијата, Сенатот ги повика претседателот и државниот секретар на САД, како и европските сојузници, да се залагаат за отворање на првиот преговарачки кластер на ЕУ со Северна Македонија, без дополнителни билатерални услови
Од 80 општини во Република Македонија, актуелниот претседател во 70 од нив доживеа пораз, односно на своето конто како „победник“ во споредба со противкандидатот Гордана Силјановска Давкова запиша 10 општини.
Тежок пораз доживеа актуелниот претседател Стево Пендаровски, поддржан од владеачката партија СДСМ, во првиот круг од претседателските избори.