Општа оценка од првиот круг на претседателските избори, барем од мој аспект, е дека резултатите не се такви какви што очекувавме. Бројките уште се движат и се пресметуваат, истакна кандидатот за претседател на Македонија од СДСМ, Стево Пендаровски.
На вечерашната прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска Давкова рече дека овој резултат е инспиративен за неа.
Историска победа на кандидатката за претседател на Македонија Гордана Силјановска Давкова во првиот круг од седмите претседателски избори во Македонија.
Вицепремиерто и министер за политички систем од редовите на ДУИ Артан Груби вечерва на плоштадот Скендербег во Скопје каде беше лоциран Изборниот штаб на противканидатот Таравари, изјави дека е ова спектакуларна победа за коалицијата на Европскиот фронт предводен од ДУИ.
Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ се собираат поддржувачи на кандидатката за претседател Гордана Силјановска-Давкова во пресрет на резултатите од првиот круг на претседателски избори.
Вели резултатите се далеку од неговите очекувања, но истакна дека граѓаните имаа можност да избират меѓу седум претседателски кандидати.
-Очекувам на крајот кога ќе се соберат гласовите на сите други кандидати, плус неважечките ливчиња, да бидат помалку од гласовите на Силјановска – рече Николоски на Сител.
На плоштадот „Скендербег“ има зголемено полициско обезбедување, а изборниот штаб на албанската опозиција „Вреди“ е преместен на друга локација
232.805 гласови добила кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, 114.373 гласови доби кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски.
На 59.61% обработени податоци од страна на државната изборна комисија разликата меѓу Силјановска и Пендаровски надмина 100.000 гласа.