Претседателите на општинските изборни комисии Минир Жута и Менка Кукоска информираат дека гласањето се одвива тековно без никакви нарушувања на изборниот процес.
Во Општина Карбинци излезноста во 17 часот е 44,91 процент. Во Свети Николе гласале 50,56 проценти од вкупниот број на избирачи, а во Пробиштип 56,14 проценти. Претседателот на ОИК-Штип, Вацев вели дека се очекува поголема фреквенција на избирачи на гласачите места по 18 часот.
До 17 часот во Општина Тетово гласале 34.466 луѓе или 40,53 отсто од вкупно 86.405 гласачи за денешниот прв круг од гласањето за избор на претседател на државата. Во Општина Тетово се гласа на вкупно 117 избирачки места.
Излезеноста на гласачите на денешните претседателски избори до 17 часот во општина Неготино изнесува 55,22 отсто, а во општина Демир Капија 55,85 отсто.
До 15 часот во општина Гостивар во првиот круг од претседателските избори гласале 20.687 граѓани, односно 25,41 отсто.
Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека во текот на денешниот изборен ден регистрирало пет случаи во кои гласачи го фотографирале гласчкото ливче во Радовиш, Скопје, Охрид и Берово.
Според податоците што се пристигнати досега, најголема излезеност е забележана во Новаци со 57,69 проценти додека најмала е излезеноста во Центар Жупа, 13,11 проценти.
На две избирачки места во Куманово поради нефункционирање на УБИГ апаратите не се отворени навреме избирачки места, во едно место 1090 изгубен е печатот, информираа денеска од ОИК Куманово.
Одѕивот на првиот круг од претседателските избори до 17 часот попладнево изнесува 44,18 проценти, според податоците на Дражавната изборна комисија (ДИК) од 1788 избирачки места.
Полицијата во Охрид денеска во 12:15 часот го привела лицето А.И.(48) од Охрид, затоа што го фотографирал гласачкото ливче на Избирачкото место 1271 во Охрид.