Николоски истакна дека потребно е да се мобилизираме и заедно обединето да славиме на 8 мај.
Тој исто така додаде дека тоа што СДСМ организираа митинг како глувци во сокаче, а ДУИ на плоштад кажува кој е вистинската власт во државата.
Николоски истакна дека на тој начин човекот кој беше министер за здравство го руши здравствениот систем затоа што на некому преку ред да му закажат преглед или операција тоа значи дека за вас е ден повеќе или недела повеќе чекање што накрај може да ве чини живот.
Денеска мирно помина денот на гласање. Се отворија сите избирачки места. Имаше малку потешкотии во некои планински средини бидејќи никој не очекуваше дека денеска ќе биде толку лош ден, оти ќе биде прилично ладно, дожд, па на планински места и снег.
Во земјава утре ќе се одржи првиот круг од Претседателските избори, на кои во трката за Вила Водно се седум кандидати. Вториот круг заедно со Парламентарните избори ќе се одржи на 8 мај.
Во општините Дебар и Центар Жупа своето право на глас денеска го остварија 32 болни и изнемоштени лица, од пријавените 37, чии барања беа прифатени по разгледувањето на доставената документација.
Државната изборна комисија (ДИК) е целосно подготвена за спроведување на утрешните претседателски избори, изјави денеска на седница претседателот на ДИК Александар Даштевски.
Исто така, побара од присутните секој во својот делокруг да сподели информации кои се од интерес за спроведувањето на изборите и начинот на кој ќе постапуваат институциите за време на изборниот ден.
- Гласањето на Избачкото место 5025 тече нормално, отворено е изутрина во 07 часот согласно законските прописи, а ќе се затвори во 19 часот. На ова избирачко место пријавени се 31 гласачи, изјави Емрије Мустафи, заменик претседател на ИО на Избирачко место бр. 5025 во Белград.
Во затворот Идризово гласањето за претседателските избори денеска се одвива без проблеми, иформираат за МИА од Избирачкиот одбор.