Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вечерва изјави дека не се согласува со одредени анкети според кои Гордана Силјановска-Давкова е фаворит и дека би победила во првиот круг. Тој истакна дека првиот круг на гласање, в среда на 24 април, ќе го најави победникот на 8 мај.
Кога ќе слушнам заканувачки тонови, тоа веднаш ме потсетува на она што се случи пред дваесет и нешто години по планините околу нас, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва со Свети Николе на митингот на Коалицијата за европска иднина.
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг во општина Карбинци м порача на граѓаните дека на 24 април се наоѓаат пред избор од кој ќе зависи нивната иднина и иднината на нивните семејства
Според него, станува збор за луѓе кои се искусни, „кои не се вчерашни“, но сепак, рече, апелира на разум и на враќање на она што е најбитно за Македонија.
Тој посочи дека токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ја нуди Платформа 1198 која се обврзува да го подобри квалитетот на живот на сите граѓани и целосно да ја трансформира Македонија.
- Имотот се одзема без никаква направена процена ни според законот, ни според македонските и европските стандарди за проценување. Тоа е една паушална постапка се со цел да се одземе имотот по секоја цена, рече Захариевски.
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва соопшти дека согласно Изборниот закон, не е надлежена за регулирање на известувањето на медиумите, и за тоа упатува кон Упатството од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Претседателот Мицкоски истакна дека Али Ахмети со неговите пајташи ќе се обидат да тргуваат со гласот на народот.
Тој упати апел масовно да се излезе во среда и на тој начин, како што рече да се оневозможи потенцијалот на ДУИ да расте.
-Од вкупно пријавените 178 одобрени се 160 барања за гласање во домашни услови, на останатите им се одбиени барањата, што значи дека тие ќе имаат право на глас, на самиот ден на изборите, соопштија од ОИК.