- Висок претставник од нивната сестринска партија од Германија, по разговорите со нив рече дека е убеден дека ќе гласаат за уставните промени, а, овие и понатаму секој ден повторуваат дека уставни промени нема да има под бугарски диктат, рече Пендаровски.
Тој потенцира дека за најдобрите студенти ќе се обезбедат стипендии во износ од 500 евра месечно, а за најдобрите двесте студенти вработување во научните и во институциите на системот.
Ковачевски во своето обраќање на митингот посочи дека во својата програма гарантираат просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра, како и минимална пензија од 20 илјади денари, но и просечна пензија од 30 илјади денари.
Веруваме дека промените се неопходни, веруваме дека ќе се приклучите кон промените. Бидејќи промените се во ваши раце.
На вчерашниот собир во Ресен, кандидатот за претседател од Левица, Билјана Ванковска, се осврна на проблемот со откупот на земјоделските производи.
Драго ми е што заедно со огранокот на ВМРО-ДПМНЕ тука со Ерџан кој што е на листата на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ можевме да разговараме за сите прашања, да видиме што се маките на сите овие пријатели тука во Шуто Оризари бидејќи 7 години се заборавени од власта.
Тој потенцира дека укинувањето на балансерот е ставено и во изборната програма, како ветување и дека тоа се темели на препораките на ЕК.
Тој потенцира дека идната влада ќе направи и нов Кривичен законик, кој ќе биде плод на широка јавна дебата во која ќе бидат вклучени експерти и сето тоа ќе биде според европските пракси.
Јас ја слушнав Анџела Агелер, амбасадорката на САД, која што вели ние поседуваме сериозни докази. Првата работа што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја направи е да седне и да побара, кои се тие докази, да видиме да дојдат по допрен глас, да има предистрага, истрага итн
Нашата определба е европска Македонија, зашто сакаме европско образование и европско здравство за сите граѓани.