Движењето ЗНАМ - За наша Македонија вечерва испиша историја. Потврдивме минимум пратеничка група и некаде околу 60 илјади гласови. Ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за граѓаните, изјави вечерва претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски.
По досегашните преброени гласови ВМРО-ДПМНЕ би имале 59 пратеници, ДУИ 19 пратеници, СДСМ 18 пратеници, 13 за коалицијата ВРЕДИ, 6 за Левица и 5 за ЗНАМ.
Како што дополни, мора да се обидеме да ставиме крај на балканизацијата, да помагаме едни на други, да бидеме политичари.
Тој повика на спроведување на партиски избори на сите нивоа, без притоа конкретно да каже дека поднесува оставка. Додаде дека на изборниот конгрес ќе се организираат сите детали за спроведување на партиските избори.
Коалицијата ВЛЕН излезе како победник во сите општини со мнозинско албанско население. Од утре почнуваат преговорите за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција ВЛЕН. Честитки на сите Албанци, честитки за сите граѓани, изјави Биљал Касами од БЕСА.
Според податоците на ДИК, Силјановска Давкова води во 67 општини, а Пендаровски во 12.
Сега веќе поранешниот претседател Стево Пендаровски, на прес-конференција по завршувањето на изборите го призна поразот и честиташе победа на Силјановска и на ВМРО-ДПМНЕ и им посака успешна работа.
Дел од раководството пристигна вечерва во седиштето на СДСМ, по затворањето на избирачките места за претседателските и парламентарните избори, каде се очекува прес-конференција да одржи лидерот на партијата, Димитар Ковачевски.
На првата прес-конференција во Скопје одржана по затворањето на гласачките кутии, Меџити рече дека „Вреди“ е новиот политички фактор кој достоинствено ќе ги застапува Албанците.
Лавица има 35.615, Движење ЗНАМ – За наша Македонија 26.494. Останатите партии и коалиции кои учествуваа на изборите имаа под еден процент гласови.