Мицкоски додаде дека овие избори се последна шанса за спас, промените се можни и се на дофат, а народот бара промени затоа што Македонија е изморена од чекање.
Кандидатката за претседател од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силановска-Давкова вечерва од Крива Паланка порача дека најважната битка што мора да почне на 24 април е бескомпромисната борба против корупцијата и криминалот.
Живееме во тешки времиња. Државата е во хаос, институциите се парализирани, апатија и разочараност се чувствува насекаде. Изгубена е довербата во политичарите, бидејќи народната волја е многупати изиграна. Ништо не функционира.
Ние кога го критикуваме ДУИ, не ги критикуваме албанците. Кога ги критикуваме одлуките на коалицијата, не тргнуваме од етнички или верски пориви, туку од нивната длабока вмешаност во корупцијата и криминалот!
Мицкоски нагласи дека законите не важат за сите подеднакво, државата му е украдена на народот и со неа управува мала тесна клика на власта која континуирано ја понижува, ограбува и срами Македонија, како и дека има цикличен артаноиден режим во Македонија.
“Ќе се погрижам од Уставот да се елиминира навредливата дефиниција на албанскиот јазик како „друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните„ и албанскиот јазик, во неговото писмо, да биде службен јазик на целата територија на државата на еднакво ниво со македонскиот јазик.”
Посочи дека во мандатот на СДСМ во изминатите седум години имало три кризи и дека никој не бил заборавен.
Во интервју за Македонската радио телевизија, Даштевски рече дека од утре почнува доставата на доверливиот и недоверливиот материјал до општинските избирачки комисии (ОИК) и дека останува ОИК да ги примат материјалите и да ги достават до избирачките одбори.
Претседателскиот кандидат Максим Димитриевски од Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, вечерва се обрати пред граѓаните на Велес.
Пендаровски во своето обраќање на митингот се осврна на она што е сработено за време на неговиот мандат изминативе пет години, при што го потенцираше членството на државата во НАТО.