Во штабот на „Влен“ доминира победничка атмосфера, присутните извикуваат „Победа, победа“. На прес-конференцијата се обраќаат претседателите на партиите од коалицијата „Влен“ Изет Меџити, Биљал Касами и Арбен Таравари.
Од Јавното обвинителство вечерва соопштија дека до затворањето на избирачките места, изборниот ден поминал генерално без поголеми нарушувања на гласањето и пријави за изборни инциденти.
Најпрвин сакам да му честитам на целиот македонски народ. Македонија ќе има нов претседател, цензусот е постигнат.
Таа посочи дека биле констатирани одредени неправилности, но оти сметаат дека тие биле незначителни за изборниот процес и нагласи дека се во очекување на првичните резултати од гласањето.
Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски попладнево изјави дека има солидна излезност. До 18:30 часот на претседателските избори излезноста е 46,34 проценти, а на парламентраните избори 53,15 проценти.
Актуелниот претседател Стево Пендаровски (61), кој е поддржан од актуелните владејачки социјалдемократи (СДСМ), беше втор во првиот круг пред две недели.
Гласачките места беа отворени во 7:00 часот. Право на глас на изборите за шеф на државата имаа 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 граѓани запишани во избирачкиот список.
Таа рече дека очекува Бугарија, бидејќи е во Европската Унија, да го следи моделот на Шведска, Данска и Финска, кои, како што посочи, биле главни поддржувачи на Летонија и Естонија.
- Според она како оди гласањето денеска мислам дека имаме мирен ден, а кога имате мирен ден вообичаено праксата покажува дека има големи изненадувања. Очекувам граѓаните да изненадат денеска на избори, рече Димитриевски,
Претседателот на партијата Движење Беса, Биљал Касами го исполни своето право на глас во Тетово за претседателските и парламентарните избори. Тој заедно со сопругата гласаше на избирачкото место 1947 во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.