Причината е тоа што луѓето со овие крвни групи тешко ги менуваат прехранбените навики. Од друга страна пак, луѓе со крвни групи 0 позитив и Б позитив, на пр., полесно би се ослободиле од несаканите масни наслаги.
Човековото тело постојано ни кажува што се случува во него... Така, без разлика дали тоа се бори со замор, случајни грчеви или недостиг на енергија - сѐ ова се симптоми на недостиг на минерали.
Ова е голем чекор. Признавањето на аортата како орган ја става на исто ниво со другите органи - срцето, белите дробови и мозокот, изјави Мартин Черни од Универзитетската болница во Фрајбург, Германија.
Во никој случај не се препорачува да му се даде одеднаш цела тегла мелено месо на бебето, или како „чист“ оброк. Во почетокот, тоа треба да биде само малку месо - еднаш или двапати во седмицата, наведува босанскиот портал „Аваз“.
Јадењето „прекумерно обработена“ храна ја зголемува опасноста од развој од десетици неповолни и сериозни здравствени состојби, посочува новиот преглед на 45 мета-анализи којшто опфаќа речиси 10 милиони луѓе. Научниот труд е објавен во средата во списанието „Би-ем-џеј“ (The BMJ).
Срцевите заболувања се една од главните причини за смрт во светот, па затоа е важно навреме да се забележате предзнаците на овие болести. Постојат повеќе симптоми со чија помош може да се дознае можната присутна опасност - следат три од нив.
Елизабет Дејвис, педијатар и лекар по спортска медицина во Детската болница во Орландо, САД, вели дека тоа не треба да биде главоболка и оптоварување за родителот.
Јадењето храна богата со натриум, т.е. сол, може да ја влоши состојбата со притисокот и да ја зголеми опасноста по кардиоваскуларното здравје. Следат пет вида намирници со високо ниво натриум коишто треба да се избегнуваат.
Израелски научници открија можна врска меѓу нарушувањата од аутистичниот спектар и составот на цревниот микробиом, што овозможува да се проучат долгорочните последици на интервенциите врз микробите во раните фази на развој на детето и нивното влијание врз развојот на мозокот.
Полни со мешавина од природни состојки - овошје, зеленчук, билки и зачини, напитоците за детоксикација се здобија со популарност поради нивните здравствени придобивки.