Зголемена телесна температура од 38 до 40 степени, главоболка, малаксаност, вознемиреност, солзење на очите, течење на носот, сува кашлица – ова се симптомите кои наведуваат на грип, но и првиот сигнал за мали сипаници – морбили. Карактеристично за морбилите е што во устата се појавуваат бели наслаги што се задржуваат два до три дена, а по еден до два дена се јавува осип на кожата со телесна температура од 38 до 40 степени.
Доктор Ливај Харисон од Сан Франциско предупредува за сè почестите поплаки на т.н. „самослик-зглоб”, вид воспаление на рачниот зглоб, проследено со остри болки.
Француските здравствени власти испратија предупредување пред божиќните празници од ризиците по детското здравје што ги носи играњето со еластичната смеса слајм. која е многу популарна кај децата и младите.
Адолесцентите сакаат да слушаат гласна, па дури и прегласна музика и поради тоа околу една милијарда млади луѓе се во опасност да го загубат слухот, предупреди Светската здравствена организација.
Сопствениците на кучиња се поотпорни на кардиоваскуларни заболувања, а поседувањето на таков миленик е добро за здравјето и расположението, открива неодамнешно истражување спроведено во Шведска.
За да ја канализирате нервозата на тинејџерите, мора да престанете да ги навредувате и омаловажувате. Психологот Питер Џејкоб вели дека секоја навреда во нив пробудува нова агресија, а тоа е тогаш еден маѓепсан круг.
Кај луѓето со поголема телесна тежина пешачењето особено се препорачува, бидејќи ги согорува маснотиите, ги ублажува токсините и го смалува нивото на холестерол во крвта.
Забите не треба да се мијат веднаш по јадење бидејќи забите и непцата омекнуваат за време на оброкот, па полесно може да се оштетат доколку веднаш ги триеме со четка. Експертите советуваат да се почека од 30 до 40 минути, објави „Брајт сајд“.
Една позната изрека вели дека „денот по утрото се познава“, а порталот „Брајтсајд“ додава – особено кога се работи за храната и лошите навики кои дебелеат. Во прилог следат седум најчести навики што треба да се избегнуваат.
Истражување спроведено на десетици пливачи, како и повеќе студии претходно, покажа дека луѓето кои имаат повеќе маснотии во телото, се поотпорни на студ, бидејќи масните наслаги ги штитат внатрешни органи, објави порталот „Попјулар Сајенс“.