Желбата за слатки често се поврзува со потребата за „утеха“ и подобро расположение... Но, тој „ефект“ не трае долго, па затоа е подобро да го замениме вишокот јагленохидрати со здрава доза протеини, советуваат стручњаците.
Автомобилот е неизоставен дел од човековото секојдневие, па полезно е да се знае кои секојдневни предмети и производи никогаш не треба подолго да се оставаат во возилото лете и на потопло време.
Бела Хадид проговори за контроверзната реклама на „Адидас“ со мотиви од Олимпијадата во Минхен, 1972 година. Манекенката во изјавата рече дека е „шокирана“ од „недостигот на чувствителност“ во врска со кампањата, но призна делумна вина.
Ајдин Османовиќ, момчето од Босна и Херцеговина кое со својот моќен глас го освои Балканот, како и симпатиите на македонските граѓани, пеејќи македонски песни, го честита претстојниот национален празник Илинден, со нумерата „Заветна“.
Златното бикини коешто глумицата Кери Фишер го носеше како принцезата Леја во филмот „Враќањето на Џедајот“ од серијалот „Војна на ѕвездите“ од 1983 година, е продадено за 175.000 долари.
Манипулаторите вообичаено се обидуваат да го сокријат своето однесување и да го убедат другиот дека сѐ што прават е во негова / нејзина корист. Сепак, ова е само една нивна особина.
Островот Дрејк, во близина на брегот на британската област Девон, којшто има приватна плажа, стари утврдувања и дозвола за изградба на луксузен хотел, е ставен на продажба.
Нигерискиот уметник Фола Давид има за цел да го собори Гинисовиот рекорд за најголем цртеж или слика од поединец. За таа цел, тој шест дена работел на неговото уметничко дело на фудбалски стадион во Лагос.
Тестирањето на ајкулите во близина на брегот на Бразил открило дека тие се позитивни на кокаин. Научниците стравуваат дека тоа ќе доведе до промена во нивното однесување.
За време на Олимписките и Параолимписките игри Франција ќе пречека гости од целиот свет, а според проценките, на учесниците ќе им бидат послужени над 13 милиони оброци.