За време на Олимписките и Параолимписките игри Франција ќе пречека гости од целиот свет, а според проценките, на учесниците ќе им бидат послужени над 13 милиони оброци.

Од појадок до вечера, од сендвичи до „шведска маса“, Париз 2024 ќе се потруди да ги задоволи потребите на спортистите, доброволците, гледачите и медиумите, се наведува на страницата на Олимпијадата. Во земјата на гастрономијата и со оглед на главните климатски и еколошки предизвици во денешниот свет, тоа е оперативно-културно-еколошки предизвик кojшто сите вклучени ќе треба да го прифатат.

Организаторите имаат намера да го искористат настанот како можност да се истакнат креативноста, квалитетот, квантитетот и одржливоста околу храната на вака голем меѓународен настан.

Франција во подготовките на менито вклучи 120 организации и 200 спортисти.

Спортистите првенствено ќе се хранат во Олимпиското село, коешто ќе биде најголемиот ресторан во светот, нудејќи различни кујни за нутритивните потреби и културните навики на 15.000 спортисти од 208 држави и територии. Ќе можат да се пробаат различни јадења од производи и намирници со потекло од француското подрачје. Заеднички именител на сите нив е здравата, гурманска и креативна храна, со повеќе опции по пристапни цени



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2024 06:33