„Мајкрософт“ почна со тестови на одредени подобрувања на својата апликација „Фон линк“ (Phone Link) за корисниците на паметните телефони „Ајфон“ (iPhone).
Стручњаците, сепак, велат дека овој квантен чип, засега, во голема мера, е експериментален уред. Тоа значи дека квантен компјутер којшто ќе биде доволно моќен за да реши широк опсег на проблеми - тоа сѐ уште е далеку од готов производ.
Американската компанија „Опен-АИ“ (OpenAI) пушти нова верзија на популарниот чет-бот „Чет-ГПТ“ (ChatGPT) со месечна претплата од 200 долари. Новата алатка е наменета за инженерските области и за истражување. Целта на компанијата е да ја прошири индустриската примена на својата технологија.
Веќе некое време се говори дека „Самсунг“ (Samsung) работи на „Икс-ер“ (XR) очила, па новите гласини од Јужна Кореја велат дека новитетот ќе биде претставен како прототип на настанот „Анпакд“ (Unpacked) во јануари.
Компанијата за развој на вештачка интелигенција, „Опен-АИ“ (OpenAI) ја разгледува можноста да воведе реклами во својот клучен производ „Чет-ГПТ“ (ChatGPT) за да добие нови приливи на средства согласно нејзиното најавено преструктуирање во профитна компанија.
Согласно одредбите од Законот за дигитални услуги на ЕУ, почнувајќи од оваа недела 19 „многу големи онлајн платформи“ и „многу големи пребарувачи“ треба да ги објават своите први годишни проценки на ризик и ревизорски извештаи, соопшти Европската комисија.
Основачот и извршен директор на „Спејс-Икс“ (SpaceX), Илон Маск е убеден дека ќе ги лансира своите „Старшип“ ракети на Марс во 2026 година, а дел од товарот ќе бидат и неговите роботи „Оптимус“ (Optimus) и електричните теренци „Сајбертрак“ (Cybertruck).
Амазон денеска најави дека ќе инвестира дополнителни четири милијарди долари во Anthropic, нова технолошка компанија во вештaчката интелигенција основана од поранешни вработени во OpenAI.
„Ова е двојно повеќе од комерцијалните авиони и е првпат цивилен авион да стане суперсоничен по 'Конкорд'. Пробниот лет беше извршен близу планината Кук на Јужниот Остров на Нов Зеланд“, се вели во соопштението на компанијата.
Привремените адреси за е-пошта (згора на сѐ и потполно бесплатни), се чини, не се нешто ново, иако ниедна поголема платформа досега не ја понуди оваа можност. Таа состојба наскоро би можела да се промени, пишуваат американските медиуми.