Популарноста на оперативните системи ИјОС и Андроид е сосема поинаква на големите пазари, вклучувајќи во САД, Европа и Кина, според податоците на аналитичарите на „Кантар“ за септември оваа година.
Половина од сите електрични автомобили продадени во целиот свет, се концентрирани во само 25 градови, покажува истражување. Интересно е дека овие градови сочинуваат само 12 отсто од вкупниот пазар на сите автомобили во светот.
Според најновите податоци на IDC, Huawei не само што продолжува да ја надминува глобалната понуда на Apple, туку исто така бележи пораст од 32,9 отсто во однос на Q3 во 2017 година во услови на глобален пад на пазарот од 6 отсто
Твитер избриша повеќе од 10.000 автоматски налози со пораки кои ги спречуваат луѓето да излезат на изборите за Конгресот во вторник и посочуваат дека ги поставиле демократите.
По многу одлагања и протекувања ексклузивни информации, видеоиграта „Ред дид редемпшн 2“ конечно излезе во продажба, ги собра највисоките оценки и заработи 725 милиони долари само за три дена.
Безбедноста и приватноста низ цела Европа се широко дискутирани прашања. Секоја недела носи вести за нови сајбер напади или протекување на податоци кои влијаат на компаниите и нивните клиенти. Во исто време голем акцент се става на индивидуална заштита на податоците.
Лични податоци на 257.000 корисници на „Фејсбук“, вклучувајќи и приватни пораки на 81.000 корисници, се достапни „онлајн“ од почетокот на септември, а наводно биле дистрибуирани од руски хакери, јави Би-Би-Си на руски јазик.
Пред десет години анонимен криптограф ги изложи принципите на автономна „онлајн“ валута, која би постоела надвор од дофатот на владите и централните банки. Денес, нестабилноста на биткоинот ги полни насловните страници, но технологијата која стои зад него ветува длабока промена.
Германскиот индустриски конгломерат Сименс се враќа на своите корени, најавувајќи до 600 милиони евра инвестиции во развојот на технолошки парк во индустриска зона во Берлин.
„Стикерите“ (налепници) се популарно средство за комуникација меѓу корисниците и се незаменлив дел од водечките мобилни апликации.