Ова истражување вклучува теренска анкета спроведена во периодот од 22 февруари до 09 март 2023 и девет фокус групи, кои беа спроведени во април 2023 година.
Поранешниот амбасадор на САД во Скопје Џес Бејли вели дека уставните измени се јасно решение за бугарското вето, но оти ќе биде разочарување ако има ново вето понатаму што ќе го закочи патот кон Европската Унија.
Премиерот Димитар Ковачевски по средбата со вршителот на работите во Амбасадата на САД во земјата, Ерик Мајер на Фејсбук објави дека ова е период кога треба да ги донесеме клучните одлуки за забрзување на евроинтеграцискиот процес, бидејќи ЕУ е нашиот единствен пат.
Учебната 2022/2023 година денеска завршува за средношколците, но не и за основците за кои крајот на наставата ќе биде в среда, 14 јуни.
Министерот за здравство Фатмир Меџити вели дека тоа што се случи во Психијатриската болница во Бардовци, не е ништо ново и дека се случувало со години наназад.
Како што наведе Ковачевски, со Мајер, покрај за евроинтеграцискиот процес разговарале и за поддршката од САД во исполнување на нашите стратешки цели.
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска беше одржана промоција на доктори на науки од областа на медицинските науки и здравството, техничко-технолошките науки и хуманистичките науки.
Собраниската Комисија за култура денеска го разгледа Предлог законот за употреба на македонски јазик во прво читање и едногласно одлучи дека е прифатлив и треба да се даде на понатамошно читање.
Во врска со ценовникот за давање на здравствени услуги на странци до сите универзитетски клиники и институти е доставен допис за усогласување на ценовниците за приватни здравствени услуги за странците со оние за македонските граѓани, велат за МИА од Министерството за здравство.
Граѓаните на Косово и Албанија ќе се лекуваат со исти цени како и граѓаните на Македонија, рече министерот Меџити.