Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари средба со дел од основачите и членовите на одборот на организацијата „Македонија 2025“ кои го информирале за осмото издание на Самитот на оваа организација.
Капетанот на владиниот воздухоплов попладне во контролата на летање на Скопскиот аеродорм пријавил ситуација за итност поради предното тркало и по процедурите безбедно слетал на аеродромот, информираа за МИА од Контролата на летање М-НАВ.
Мас појасни дека стартешко прашање за ЕУ е како ќе се развива понатаму тој процес на интеграција во ЕУ и дали сакаат да се продлабочи, а тоа ќе даде одговор и на прашањето какви ќе бидат приустапните процеси во иднина, нагласувајќи дека земјава и Албанија веќе се влезени длабоко во процесот и заслужуваат одлука за преговори.
Она што медиумите го објавија како добивка по најавата дека ќе се повлечам од функцијата за да се посветам на моите компании на кои им опаѓа капиталот се однесува за 2018 година која е книговодствено прикажана во февруари годинава.
Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) и Здружението на судска администрација за петок најавува протест во сите судови во државата со кој ќе го искаже незадоволството од одлуките на Судскиот буџетски совет што беа донесени во изминатите два месеца.
Никој во Европската унија не ја доведува во прашање пристапната перспектива на Македонија, порача денеска германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас на прес-конференцијата со неговиот домаќин, шефот на дипломатијата Никола Димитров.
Во образложението на Предлогот, дадено од француското Министерство за Европа и надворешни работи, пристапувањето на Македонија во НАТО „ќе ја зајакне безбедноста на регионот и на Алијансата во целина“.
Марк Грин, администраторот на Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД) денеска го посети Универзитетот на Југоисточна Европа. Со работата и резултатите на Универзитетот го запозна ректорот Абдулменаф Беџети.
– За жал, ова говори дека новинарството не е повеќе атрактивна професија. Ова е индикатор кој треба да не загрижува, истакна Драган Секуловски од Здружението на новинари.
На овој состанок, како што соопшти денеска МНР, учествувал заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, кој е назначен за висок претставник на Република Северна Македонија во овој Комитет.