Во врска со потпишаниот меморандум за разбирање со Северна Македонија, Рубин истакна дека САД увиделе дека руските државни медиуми Раша Тудеј и Спутник се уште работат во Србија и тие се употребувале „за поткопување на Северна Македонија“.
Ова се дел од заклучоците од средбите на претставниците на пет меѓународни новинарски и медиумски организации кои деновиве се во Скопје на покана на ЗНМ, со владините претставници.
Фундаменталните вредности се особено важна тема, нагласи Џаин, знаејќи, како што рече, дека моментално „во земјава сме фокусирани на други чекори кои се потребни да продолжи на патот кон ЕУ“.
Со измените се создаваат еднакви шанси за полититички натпревар на партиите и независни кандидати за пратеници, се обезбедува иста тежина на секој глас и основи за демократизација на изборните правила и на државата во целина.
Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска упати повик до разрешениот директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, проф. д-р Сашко Јовев да биде негов национален советник за кардиохирургија.
Оваа идеја произлезе од денешната лидерска средба на премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Прво сакам да кажам дека е добро што се случи оваа лидерска средба, бидејќи има одреден вид комуникација. Морам да признаам дека досега немаше никаков вид на комуникација и покрај бројните шпекулации во јавноста кои ги имаше, истакна лидерот на опозицијата по средбата.
Ковачевски вели дека ваквите одлуки се одлуки на сите политички партии, на целото општество, бидејќи, како што рече, ова не е процес на еден човек и една политичка партија, на една Влада, туку процес во кој треба да учествуваат сите за подобра и попросперитетна иднина.
Заменик-министерката за здравство д-р Маја Манолева, контра министерот Фатмир Меџити за разрешувањето на кардиохирургот Сашко Јовев.
Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, исто така во понеделникот соопштија дека ставот на партијата е оти уставни измени нема да има, и ова Собрание нема легитимитет за таков чекор.