Владата на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање на седницата која се одржа на 25 јули ја усвои Информацијата за ратификација на Договорот од Париз за климатски промени.
Испитувањата од две лаборатории каде што се направени анализите на серумот и крвта на пациентите потврдиле етиолошки агенс – Хантан вирус, изјави попладнево министерот за здравство Арбен Таравари.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска соопшти дека во изградбата на автопатот Миладиновци – Штип направени се пропусти за чие надминување, според првичните проценки, ќе бидат потребни дополнителни над 20 милиони евра.
Министерството за надворешни работи соопшти дека побарало од судот да се распише меѓународна потерница за Горан Грујовски и за Никола Бошковски откако попладнето Врховен суд ги потврди притворите од 30 дена за двајцата, но полицијата не успеа да ги пронајде.
Премиерот Зоран Заев денеска ги отфрли како неточни информациите дека Владата има какви било проблеми при назначувањето директори во државните институции.
Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека земени се мостри за лабораториско испитување од добиточната храна и водата во одгледувалиштето, како и од производите од млеко и сирење кои се произведуваат во бачилото.
Припадниците на оклопно извидувачките водови од потчинетите единици на 1.механизирана пешадиска бригада на Охридското езеро извежбуваа тактики, техники и процедури во пливање, давање прва помош на давеник, и совладување водени препреки
Од Армијата на Република Македонија информираат дека присутните ќе имаат можност да проследат презентација на дел од воените возила и опрема на Армијата на САД
Конвој со 120 борбени возила на Вооружените сили на САД утре преку граничниот премин со Бугарија „Деве Баир“ ќе пристигнат во Македонија по повод заедничката вежба на АРМ и Вооружените сили на САД „DRAGOON GUARDIAN 17“.
Програмата потоа продолжува со заедничко чествување и со полагање венци цвеќе на гробот на Гоце Делчев, во дворот на црквата Свети Спас, од страна на премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов.