Владата на Република Македонија синоќа на седница ги прифати оставките на Виктор Мизо, директор на Дирекцијата на технолошки индустриски развојни зони, како и на Цветко Грозданов, генералниот директор на АДССПДП.
Владата ќе помогне МЕПСО да обезбеди имотен лист за далеководите што се наоѓаат на трасата на автопатот Демир Капија – Смоквица, а за кои има потреба да се поместат, со цел да се овозможи продолжување на градежните работи.
Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата во врска со воведување евтина дневна тарифа на електрична енергија за домаќинствата.
Планот 3-6-9 за итните реформски приоритети се одвива со добра динамика. За три недели од вкупно 73 мерки предвидени за тримесечниот временски период, досега реализирани или адресирани се 23, констатирала Владата на одделна седница.
Македонската Влада на синоќешната седница го прифати Извештајот за извршените преговори и усогласениот текст на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, соопшти владината прес-служба.
Врховниот суд денеска треба да се изјасни по жалбите на решенијата на Апелацискиот суд Скопје за определување притвор за три лица обвинети во предметите „Таргет” и „Тврдина” на Специјалното јавно обвинителство.
Македонија е следна држава што треба да се приклучи на НАТО, изјави поранешниот командант на Северноатлантската алијанса, Џејмс Ставридис, за „Гласот на Америка“.
Министерката за одбрана на Република Македонија Радмила Шекеринска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Република Албанија.
Интегрален текст од прес конференцијата на Љупчо Николовски - сегашен Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, од периодот кога беше дополнителен Заменик - министер во истото Министерство.
Согласно Законот за ловство донесен во 2009 година како и измените на истиот од 2013 и 2015 година, предвидено е секој ловџија да се стекне со дозвола за ловство преку полагање на стручен испит.