2.000 македонски граѓани ги имаат искористено бенефициите од проектот 30/35, кој веќе седум години се спроведува на четири државни универзитети во Република Македонија.
Поранешни високи функционери на МВР и други физички лица и правни лица од Скопје, Куманово и Струмица се под истрага за изборни нерегуларности и злоупотреба на службени овластувања.
Поради целосна внатрешна реконструкција на Градската болница - ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ се примаат само ургентните случаи.
Протестот на вработените во Македонски железници Инфраструктура поради неисплатени плати продолжува и денес.
Гимназијата „Нова“ во соработка со фондацијата „Борис Трајковски“ и оваа година доделуваат три целосни и десет половични стипендии
Од здравствениот дом Скопје информираа дека минатата недела се регистрирани 1231 повик на “Ало докторе“
Македонската амбасада во Бразил издаде упатство за сите македонски туристи кои ќе бидат дел од Карневалот во Рио.
Министерството за образование и наука распиша конкурс за финансиски средства за автори кои обајвиле научно-истражувачки трудови во меѓународни списанија.
На отворениот ден во Центарот за обука на пилоти, Министерот за одбрана Зоран Јолевски истакна дека АРМ ќе добие тројца нови пилоти.
Министерот за надворешни работи Никола Попоски, денеска беше учесник на безбедносната конференција која се одржува во Минхен, Германија.