Железничкиот сообраќај во Македонија од вчера е во прекин затоа што вработените во Македонски железници – Транспорт бараат исплата на платата за јануари 2017 година.
Со новиот имунолошки анализатор кој го доби Детската болница Козле, пациентите ќе ги добиваат резултатите од крвта за еден час.
Денес беше потпишан заеднички документ на АВРМ, МТСП и УНДП за реализација на активни програми за вработување.
Граничниот премин Евзони деенска е прооден за сите видови на возила, а блокадата од трактори е отстранета, соопшти АМСМ.
31 милион денари изнесуваат субвенциите за годинава од државата за продукција на домашна документарна и играна програма.
Поради проблемот со блокадата на граничниот премин Евзони, МНР испрати протестна нота до Грција.
Компанијата „Орка Холдинг“ излезе од Медиа Принт Македонија, издавачот на неколку македонски весници и портали.
ФЗОМ обезбеди над милиони евра за набавка на девет нови лекови за терапија на болни од рак и хепатит.
До 12 април можат да се заменат сите дозволи за поседување и носење на оружје, информираат од МВР.
Од Агенцијата за млади и спорт истакнаа дека ќе работат на подобрување на Младинското информирање во Македонија.