Денеска се одржа конференција на тема: „Детето во фокусот – потребата за воведување заедничко родителство по развод во Македонија и влијанието на овој концепт врз остварувањето на правата на детето“.
Презентација и размена на искуства за акции насочени кон вработување и социјална инклузија на млади во ризик има за цел Конференцијата што денеска се одржува во Скопје.
„Македонија одамна е под закана од соседите, кои не ѝ посакуваат добро, па дури и би сакале таа да исчезне. Но, стабилноста на балканскиот регион налага Македонија да опстои како суверена држава во рамките на сегашните граници“.
Никола Попоски, денес, во просториите на МНР се обрати пред група студенти од Факултетот за безбедност во Скопје, Академијата за криминалистика и полициски студии од Белград и Факултетот за политички науки од Загреб.
Македонскиот претседател на прес-конференцијата со неговиот унгарски колега г. Адер, во Будимпешта, искажа јавна благодарност до Унгарија која покрена иницијатива со барање до Советот на ЕУ да се отфрли и осуди тиранската платформа.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2016 година, активното население во Република Македонија брои 948 599 лица од кои вработени се 723 550, а 225 049 лица се невработени.
Факултетот за безбедност-Скопје и Центарот за истражување и креирање политики во наредните четири дена во Скопје и Крушево организираат Регионална зимска школа - прва во Република Македонија.
Стоматолошката комора на Македонија денеска ќе го одбележи 20 март – Светскиот ден на оралното здравје со низа активности како дел од кампањата за подигнување на свеста за оралната хигиена.
Претседателот Иванов во Будимпешта ќе оствари средби со претседателот на Унгарија, г. Јанош Адер и со премиерот на Унгарија, г. Виктор Орбан.
Акцијата насловена „Излези и диши “ се организира вторпат, во соработка со „I love hiking group Macedonia“.