Од Министерството за економија и труд денеска соопштија дека Дурмиши имал обраќање на панел на кој со колегите од регионот се дискутирало за регионалните перспективи за миграцијата на работна сила во Западен Балкан
Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е 66,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 95 и понатаму ќе се продава за 73,5, ЕУРОСУПЕР БС - 98 за 75,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 65 денари за литар.
Средствата во износ од 41,3 милиони евра се наменети за 175 одобрени проекти на домашните компании. Со овие средства поддржани се девет микро, 91 мали, 57 средни и 18 големи компании во државата.
Домашната градежна оператива во периодот јануари – март годинава извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 23 милиони денари.
Министерството за енергетика попладнево го поздрави донесувањето на Законот за енергетика од страна на македонското Собрание.
Да, тоа ќе биде еден, би рекол инфраструктурен бум, ако можам така да го наречам. Ќе се модернизира и реконструира Коридорот 10, железничката пруга од Табановце до Гевгелија.
Средствата се пласираат кон компаниите под исклучиво поволни услови, рок на отплата до 15 години, со вклучен грејс период до 3 години и каматна стапка од 1,95 отсто, како и без надоместок за одобрување и управување.
- Дел од Планот за раст, но и дел од најавената инвестиција за којашто ќе потпишеме договор на основа на влада со влада. Многу скоро, веќе не се недели, денови се во прашање, македонската јавност точно ќе знае за што станува збор, рече Мицкоски на новинарско прашање.
Бордот на Директори на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја одобри новата Стратегија за Македонија за следните пет години (2025-2030).
Доколку се утврди драстично зголемување на цените на прехранбените производи на крајот на месецов ќе бидат применети мерки кои ќе траат до крај на годинава, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.