Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со назначувањето на националниот оператор на пазар на електрична енергија „МЕМО ДООЕЛ“ – Скопје за оператор на организираниот пазар на електрична енергија.
Фондот за осигурување депозити ги информира депонентите на „Еуростандард банка” АД во стечај со право на обесштетување дека во вторник, на 15 септември 2020 година, ќе почне исплатата на обесштетувањето на осигурениот износ на нивниот депозит
Ова, како што соопшти Министерство за финансии, се дел од заедничките заклучоци од денешната средба на министерот за финансии Фатмир Бесими и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска.
Трошоците на живот во август во однос на претходниот месец забележаа пораст од 0,5 отсто, а цените на мало се зголемиле за 0,8 отсто, објави Државниот завод за статистика
Во првите седум месеци од годинава извозот бележи пад од 21,4 отсто во однос на тој период лани, објави Државниот завод за статистика
Вредноста на трошоците за заштита на животната средина направена во 2019 година изнесуваат 7.579.784 илјади денари, објави Државниот завод за статистика, а најголеми се трошоците за управување со отпадни води на кои отпаѓаат 31,48 отсто
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) е независен енергетски регулатор што работи транспарентно и професионално и се смета за најдобар регулатор две години по ред во рамки на сите девет договорни страни на Енергетската заедница
Триесет и три илјади и петстотини и триесет и осум денари е вредноста на синдикалната минимална кошница за август годинава
Повлечена е последната транша од 20,4 милиони евра од евтините кредити за домашните компании. Заклучно со оваа транша, Развојната банка на Македонија досега има повлечено вкупно 50,9 милиони евра
Македонија да стане регионален акцелератор за старт ап, а во поранешното „Македонско село“ младите претприемачи од земјава и странство да имаат можност да отворат сопствен бизнис без да плаќаат режиски трошоци, се дел од плановите што Владата најавува дека ќе ги реализира во следниот четиригодишен мандат