Управата за јавни приходи (УЈП) апелира до граѓаните кои во апликацијата МојДДВ имаат внесено трансакциска сметка од Еуростандард Банка, да извршат промена со внесување на валидна трансaкциска сметка, со цел исплата на средства од поврат на ДДВ за физички лица
Од Министерството за труд и социјална политика соопштија дека клиентите на „Еуростандард банка“, кои имаат парични права од социјална и детска заштита и згрижувачките семејства, доколку имаат трансакциска сметка во друга банка да се обратат во таа банка или да отворат нова трасакциска сметка
Сите корисници на пензија на кои им се врши исплата на пензијата на трансакциските сметки во Еуростандард банка АД Скопје, најдоцна до 21 месецов треба да достават известување до банката преку која што би сакале понатаму да им се врши исплата на пензијата
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 77-тата седница со која претседаваше претседателот на КХВ м-р Нора Алити, а што се одржа денеска на 13 август 2020 година на Еуростандард Банка АД Скопје – Дирекција за услуги со хартии од вредност трајно и ја одзема дозволата за работа за вршење услуги со хартии од вредност
Генералниот директор на АД „Пошта Македонија“ информираше дека остварените приходи во првите шест месеци од 2020 години од тие услуги кои од денеска „Пошта“ не може да ги обезбеди изнесуваат 110 милиони денари и претставуваат 19,4 отсто од вкупните остварени приходи на „Пошта“
Независноста на Народната банка во ниту еден момент не треба на ниту еден начин да биде доведена во прашање, предупреди денеска Македонската банкарска асоцијација (МБА) во врска со одредени објави во медиумите дека во преговорите за формирање нова влада се дискутира и за функцијата гувернер
Ниту една друга банка не е изложена на ризик што може да се одрази на нарушување на нејзината стабилност и солвентност
Доколку не се размислува рационално и не се дејствува брзо и одлучно, постои реална опасност од целосен колапс на македонската винска индустрија која обезбедува годишен извоз од околу 50 милиони евра и обезбедува работа и социјална сигурност за околу 30.000 индивидуални земјоделски стопанства, 12.000 сезонски работници и повеќе од 2.500 вработени во 74 регистрирани домашни винарски визби, предупредува здружението „Вина од Македонија“
Скопската компанија „ПИ Свислион ПИЛ“, која е подружница на српска кондиторска групација „Свислион Таково“, соопшти дека го зголемила својот удел во „Агроплод“ од Ресен на 98,5 проценти, откако откупила 30,05 отсто од акциите
Производителот на кондиторски производи „Европа“ информира дека нејзината неконсолидирана нето добивка во првата половина на 2020 година пораснала за 64 отсто на годишно ниво на 42,7 милиони денари