Фондот за иновации и технолошки развој ја запира реализацијата на проектите од компании што се најдоа на листата на УЈП за неисплатени минимални плати од државна помош.
Последните макроекономски показатели од домашната економија со нивната проектирана динамика во рамки на априлските проекции упатуваат на одредени отстапувања во поглед на интензитетот и структурата на економскиот раст заради ефектите од појавата на ковид-19.
Занаетчиите бараат да продолжи поддршката од државата за исплата на минималната плата и субвенции за придонеси додека трае кризата
Цената на електричната енергија што ја плаќаат домаќинствата на регулираниот пазар се зголемува за 7,4 отсто, а граѓаните и понатаму ќе можат да ја користат ефтината тарифа во истите период како и досега, потврди денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски
Трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во јуни годинава споредено со истиот месец лани бележи пад во прометот, номинално за 3,3 отсто, а реално за 7,4 проценти
Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити со што сега таа е сведена на ниво од 4,80 проценти
Бројот на работници во индустријата минатиот месец во однос на јуни лани е намален за 5,2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика
Сите правни лица кои ќе донираат преку платформата Solidarnost.gov.mk ќе можат да остварат даночно олеснување преку Управата за јавни приходи (УЈП) и ќе имаат олеснета постапка за ослободување, односно нема да им биде потребна постапка во Министерството за правда која ќе потврди дека остварената донација е од јавен интерес
Сојузот на синдикати на Македонија потсетува дека од 1 јули минималната плата изнесува 14.934 денари без вклучени додатоци и надоместоци на плата кои треба да се пресметаат согласно колективните договори
Во изминатиот период извозот од индустриските зони значително порасна и заклучно со минатиот месец изнесува 820 милиони евра, рече денеска директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Александар Младеновски