На годишно ниво, во домашниот и во меѓународниот патнички сообраќај, на аеродромите се очекува бројот на патниците во 2020 година да биде помал за 50,4 проценти во однос на 2019 година, оценува директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Томислав Тунтев
Во мај годинава во земјава вкупно биле потрошени 524 980 мегават часови електрична енергија, 3.505 милијарди нормални метри кубни природен гас, 363 229 тони јаглен и 79 336 тони нафтени продукти, објави денеска Државниот завод за статистика
Во рамките на активностите за јакнење на својата транспарентност и унапредување на комуникацијата со јавноста, Народната банка започнува со нова практика ‒ работилницата за новинари од економските редакции ќе се организира повеќепати во текот на годината, наместо досегашниот формат на една годишна работилница
Останатите финансиски институции (ОФИ) во кои спаѓаат инвестициските и пензиските фондови, осигурителни, брокерските и финансиските друштва во државава го зголемиле за четири проценти поени нивното учество во рамки на финансискиот сектор во изминатите шест години
Комората на сметководители на Македонија при Сојузот на стопански комори продолжува со организираните акции за практикување општествена одговорност во услови на пандемија. Со симболичен гест, денеска, во знак на официјален почеток на долгорочна соработка, донираше за ресторанот „Амбрела“, кој од отворањето креира успешна приказна, рушејќи ги бариерите и поместувајќи ги границите вработувајќи лица со попреченост
Посебен модел за поддршка на извозните компании и големите бизниси, најави денеска директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Јован Деспотовски
Фондот за иновации и технолошки развој денеска ќе ги презентира првичните резултати од јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19
Во меѓувреме, како што посочи, се финализираат последните приговори од Министерството за образование и наука и Фондот за здравствено осигурување.
Управата за јавни приходи од 12 јуни годинава ќе прави нова пресметка на повратот на ДДВ кај граѓаните, за второто тримесечје, поради измената, кај македонските производи да се врши поврат од 20 отсто, а кај странските од 10 отсто
Дел од интернационалната советодавна група која заседаваше утрово, е и претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска, како меѓународен експерт