Оттаму посочуваат дека почитувањето на мерките е важно затоа што доколку е загрозено здравјето на работникот, тогаш загрозени се и работното место и работата на целата компанија.
Владата денеска на седица ја усвои Информацијата за работата на Советот за управување со јавни финансии со Нацрт – годишен извештај за следење на спроведувањето на Акцискиот план за Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии за 2019 година, за периодот јануари 2019 година – декември 2019 година, и го усвои Акцискиот план за спроведување на Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии за 2020 година
ЕВН и ПроКредит банка започнаа нова соработка преку која сите бизниси во државата ќе може да ги користат кредитите на ПроКредит банка за финансирање на фотоволтаичните системи што ги нуди ЕВН. Кредитната линија е наменета за сите правни лица и е со стимулативната каматна стапка од 3 проценти и 0 отсто провизија при исплата на кредитот
Во јуни годинава вкупните депозити и кредитите забележуваат раст. Податоците на Народната банка покажуваат дека вкупните депозити продолжија да растат на месечна основа, што се должи на растот на депозитите на двата сектора, со малку поизразен придонес на корпоративниот сектор
Во текот на следната недела се очекува Регулаторната комисија за енергетика да излезе со поконкретни информации за новите цени на струјата и на парното.
Просечната исплатена плата во мај годинава изнесува 26.390 денари и според објавените податоци на Државниот завод за статистика бележи раст од 4,4 отсто во однос на мај лани.
Цените на бензините од полноќ се намалуваат за денар ипол, а на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Во првите шест месеци од годинава реализацијата на капиталните расходи во буџетот е 22,51 отсто
Зголемена неизвесност и невработеност, ограничена достапност на сезонска работна сила, нарушување на синџирите на обезбедување и пристап до храна, како и отсуство на директни мерки за поддршка на малите производители за справување со сиромаштијата, се клучните предизвици со кои ќе се соочи македонското земјоделство поради коронакризата
Групацијата „Гејминг Иновејшн Груп“ (ГИГ) со седиште во Малта, која менаџира со софтверот на платформата за онлајн игри ГИГ Кор, порано позната како иГејминг Клауд, влегува на пазарот на интернет игри во земјава преку домашната компанија К.А.К