Во првите шест месеци од годинава реализацијата на капиталните расходи во буџетот е 22,51 отсто. Според објавените податоци на Министерството за финансии, од предвидените 319.921.656 евра заклучно со 30 јуни 2020 година реализирани се 72.007.831 евра.

Во Владата реализацијата на капиталните расходи се 15,72 отсто од предвиденото. За шест месеци од планираните 5.770.373 евра потрошени се 906.917 евра. Службата за општи и заеднички работи потрошила 1.232.140 евра од предвидените 2.647.154 евра или има реализација од 46,55 отсто.

Министерството за внатрешни работи од 1 јануари до 30 јуни има реализирано капитални расходи од 8,84 отсто или 1.574.810 евра од предвидени 17.812.461 евро. Министерството за правда е со реализација од 40,16 отсто или потрошени 69.671 од 173.495 евра.

Објавените податоци покажуваат дека МНР реализирано 3,86 отсто од капиталните инвестиции или 7.475 евра од 193.495 евра.

Кај Министрството за финансии реализацијата е 58,87 отсто или 6.137.065 евра, додека реализацијата на ова Министрство за функции на држава е 23,3 отсто или 12.671.906 евра.

Минисерството за економија има реализација од 1,93 отсто или за шестемесеци 37.568 евра, Министерството за животна средина 33,11 отсто или 2.206.902 евра, Министерството за транспорт и врски 25,94 отсто или 16.673.702 евра.

Министерството за земјоделство, шумарствои водостопанство во првите шест месеци реализирало 39,55 отсто од капиталните расходи во износ од 2.987.080 евра, додека Агенцијата за финансиска поддршка и во земјоделството и руралниот развој е со реализација од 53,15 отсто или 8.636.821 евро.

Министерството за труд и социјална политика има реализација на капиталните инвестиции од 13,22 отсто или 1.209.009 евра, Министерството за образование реализирало 18,62 отсто или 3.619.154 евра, МИОА 22,08 отсто, односно 287.961евра.

Министерството за култура реализирало повеќе од половина, односно 55,65 отсто кои изнесуваат 1.018.033 евра.

Министерството за здравство во првата половина од годината е со реализација на капиталните инвестиции од 22,15 отсто. Потрошени се 5.231.604 евра.

Министерството за локална самоуправа реализирало 4,11 отсто или 6.519 евра.

Капиталните расходи или капитални инвестиции, се расходите на буџетските корисници наменети за трајни добра како патишта, училишта, болници, водоводи, студентски домови, спортски објекти, апарати за здравството, опрема хардвер, софтвер итн.

Капиталните расходи во буџетот минатата година беа со реализиација од 78 отсто во однос на проекцијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/07/2020 14:33