Во домашниот железнички сообраќај во јуни дневно во просек има околу 700 патници. Во товарниот и покрај намалувањето на обемот на работа од 24,5 проценти во март, не е намален бројот на клиенти и се склучени два нови меѓународни договори за транспорт, изјавија за МИА од Железници на РМ Транспорт
И покрај отварањето на границите, туристичките агенции од земјава велат дека за нив оваа сезона ќе биде многу тешка. Со оглед дека од јули треба да почнат со работа, уште еднаш бараат помош од државата. Поддршка, сметаат, треба да добијат и превозниците.
ЈП МЖ Инфраструктура ќе го води процесот со германската компанија „Вибе“ која неодамна ја запре изградбата на пругата Куманово-Бељаковце, а аргументите се на страна на нашата држава, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески
Денес, меморандум за соработка потпишаа претседателката на Македонската Банкарска Асоцијација - Д-р Маја Стевкова Штериева и в.д. Претстедателот на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – Филип Чижбановски
Минимум 11 денари за килограм „смедеревка” и 13 за „вранец”, плус дополнителни субвенции од државата, бара регионалното Здружение „Напредни лозари” од Кавадарци кое ги застапува лозаропроизводителите од Тиквешкиот регион
Компанијата „Којаконеја“ е пример дека со користење на мерките и средствата од ИПАРД програмата сериозно се влијае на развојот не само на домашната економија и на модернизација на претпријатието, туку и на развојот на руралните средини и на отворање нови работни места
„Фершпед“ соопшти дека неговите акционери донеле одлука за 2019 година компанијата да исплати дивиденда од 550 денари по акција, што е значително помалку во споредба со дивидендата за минатата година која изнесуваше 1.780 денари
НЛБ Банка ги повикува клиентите – корисници на домашни платежни картички за финансиска поддршка, со цел точна и навремена достава на картичките, во најкус можен рок да ги ажурираат своите податоци преку веб страницата на Банката на линкот: https://nlb.mk/domasnaplateznakarticka.aspx
Се проширува листата на продавници во кои може да се плаќа со Домашната платежна картичка
Регулаторната комисија за енергетика и водни (РКЕ) донесе одлука малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (Ел-1) да изнесува 51,5 денари за литар со што изврши усогласување со објавената измена на Уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба во Службен весник број 169 со која акцизата на маслото за греење се изедначува со акцизата на маслото кое се користи како погонско гориво