Царинските службеници ќе спречуваат криминал со нова софистицирана опрема за пребарување возила, донирана од Управата за царински работи и приходи на Обединетото Кралство.
Десет медиумски куќи, 10 тур-оператори и седум претставици на Кроациа Ерлајнс, во наредните три дена ќе бидат на информативно патување низ државава, период во кој ќе снимаат репортажи на повеќе туристички локации и ќе се остварат бизнис средби со македонскиот приватен туристички сектор и да се запознаат со македонската туристичка понуда.
Зголемување на инвестициите и раст од три отсто годинава и во наредната 2020 година, предвидува за земјава Европската банка за обнова и развој во извештајот за перспективите на економиите на државите од Западен Балкан.
На 130 компании на ниво на Град Скопје им се потребни 874 квалификувани работници од машинската и електро струката, а само во Општина Гази Баба 409 млади до 29-годишна возраст се без работа.
Во конкуренција на финалисти од дваесет и осум европски земји, претставниците на Северна Македонија, младите велешани Викторија Панова и Марко Инѓилизов, го освоија второто место на финалето на Европскиот квиз на парите што се одржа вчера во Брисел, Белгија, соопшти Народната банка на Република Северна Македонија.
Заев и Тевдовски ги оценуваат средбите како одлична можност за поврзување и претставување на инвестициските можности во земјава, како и за дискутирање за тековни и идни проекти поддржани од Европската банка за обнова и развој.
Заедничка координирана акција на стопанството, институциите, општините, учениците и родителите започнува со Првиот училишен саем на машинска и енергетска индустрија – „Како до квалификуван кадар за пазарот на труд“, кој ќе се одржи на 10 и 11 мај во средното училиште на град Скопје „ЕМУЦ 8. Септември“ .
Претставниците од Хелекспо го информираа министерот Шапуриќ дека неодамна е формирана Балканска асоцијација на саеми, во која членуваат саемски организации од Љубљана, Загреб, Белград, Пловдив, Будва, Солун и Скопје, а со која моментално претседава саемот од Солун-Хелекспо, а заменик претседавач е Скопскиот саем.
Трошоците на живот во април во однос на март годинава се зголемени за 0,8 проценти, а споредено со април лани за 1,9 проценти. За 1,2 проценти, пак, има пораст кај цените на мало во април во однос на март годинава, кои пак споредено со април минатата година се зголемени за 1,3 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Царинската управа денеска ќе добие донација во опрема за помош при пребарување и проверки од Управата за царински работи и приходи на Обединетото кралство.