Со пристигнувањето на првиот авион на „Нордика“ ноќеска на охридскиот аеродром стартуваше сезонската директна авионска линија од Талин, со естонски гости кои организирано ќе летуваат на Охридско-струшката ривиера.
Минатата година трговската размена со Германија изнесувала 3,2 милијарди евра, од кои 2,4 милијарди евра се извоз од Македонија, што е историски највисоко ниво.
Македонскиот вицепремиер за европски прашања Бујар Османи в четврток во Брисел ќе оствари средба со еврокомесарката за трговија, Сесилија Малмстром, на која ќе се разговара за последиците од американските заштитни царински мерки против извозот на челик и алуминиум.
Податоците на НБРМ покажуваат каматите на кредитите во март годинава изнесувала просечно 5,67 проценти, на депозитите 1,48 процент. Во овој месец просечната каматна стапка на кредитите забележала намалување од 0,03 проценти, а кај депозитите 0,02 проценти.
Поврзувањето е клучно за водењето бизнис, а ваквите средби се одлична можност за склопување на познанства кои понатаму можат да прераснат во деловна соработка, порача вечерва во Скопје министерот за финасии Драган Тевдовски на бизнис приемот организиран од Фондацијата Фридрих Еберт, Министерството за финасии и Град Скопје.
Платежната агенција денеска соопшти дека од денеска се ставени на располагање новите средства за поврат на инвестиција за нови овошни и лозови насади, како и за набавка на педигрирани високостелни јуници.
Од компанијата соопштуваат дека со рестартирање на втората печка, што е ставено како приоритет, како и користење на висококвалитетна руда и репро материјали, ќе се зголемат производните капацитети до целосна искористеност, што ќе доведе до овие придобивки.
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, денеска во просториите на Секретаријатот за европски прашања, се сретна со претставници на бизнис асоцијациите и производителите на челик.
Објавен е повикот за поднесување барања за исплата на 50 отсто од трошоците за набавка на педигриран добиток, соопшти денеска министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Вредноста на увезените половни возила од денеска во царината ќе се пресметува електронски. Електронски систем што од денеска е пуштен во работа ќе ја определува електронскиот систем врз основа на внесување на бројот на шасијата на возилото.