Собранието денеска петти ден расправа по Дополнетиот предлог-буџет за 2020 година, а согласно деловникот расправата треба да заврши денеска и пратениците во 16 часот треба да гласаат по единствената точка од дневен ред
Втор јавен повик за технолошки развој објави Фондот за иновации и технолошки развој. Вкупниот буџет за повикот изнесува шест милиони евра
Расправата за Предлог-буџетот почна во понеделникот и согласно Деловникот за работа на Собранието, треба да заврши денеска. Предлог-буџетот се најде на пленарна седница откако претходно заврши аманданската расправа за него во матичната Комисија за финансирање и буџет.
Претседателот на Стопанската комора на Македонија и заменик-претседател на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (КИФ) со седиште во Трст, Бранко Азески, е именуван за член на Советодавниот одбор на Мрежата за деловен развој на Југоисточна Европа (ЈИЕ), информираат од Стопанската комора
Вкупните депозити во ноември бележат раст од 0,3 проценти, а вкупните кредити оствариле раст од еден процент, покажува извештајот на Народната банка за монетарните движења во претпоследниот месец од годинава
Централниот регистар најави дека на почетокот на февруари следната година ќе го стави во функција регистарот на вистински сопственици којшто ќе покажува каде некој има сопственост, удел и колкав е тој удел, како обврска од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам.
Центарот за граѓански комуникации денеска ја објави„Финансиска анализа на работењето на државните претпријатија“.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на сметките на 1.566 субјекти исплати вкупно 137,3 милиони денари за мерката „Директни плаќања за произведено и предадено јаболко кај регистриран откупувач.“
Дебата на тема „Финансиското работење на државните претпријатија под лупа“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Центарот за граѓански организации
Како централна банка ги следиме економските изгледи на сите клучни трговски партнери на нашата економија. Оцените за случувањата во германската економија, како и воопшто оцените за надворешното окружување, веќе се вградени во нашето макроекономско сценарио.