Седумдесет и еден процент од членките на Стопанската комора на Македонија и покрај проблемите со кои се соочуваат поради пандемијата предизвикана од ширењето на коронавирусот засега не најавуваат затворање на компаниите.
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за денар, а за половина денар ЕУРОСУПЕР БС-98. За половина денар, пак, поевтинува дизелот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
За точниот број лица кои останале без работа упатува на официјалните бројки на Агенцијата за вработување од каде регистрирале дека има зголемување на бројот на невработени за 9 000.
Персоналниот данок на доход забележа пад од -11,7 проценти, данокот на добивка забележа раст од 3,6 проценти, акцизите пад од 40 проценти, наплатата на царините е помала за 26 проценти.
Каменичкиот рудник „Саса“ ја доби нагарадата за најдобра македонска компанија на неделата. како признание од Сојуз на синдикати на Македонија
Околу 7.000 компании аплицирале, ги користат или ќе користат некоја од мерките од двата сета економски мерки што ги претстави досега Владата
А1 Македонија оди чекор понатаму во обезбедувањето уникатно дигитално искуство во купувањето на телекомуникациски услуги и на јавноста и ја претставува првата и единствена виртуелна продавница на пазарот
Економската активност во државава годинава ќе се намали за 3,4 проценти како последица од кризата со Ковид -19, а стапката на инфлација ќе има надолна ревизија и ќе изнесува 0,2 проценти, покажуваат денеска претставените проекции за економијата на Министерството за финансии според кои, оценува министерка Нина Ангеловска, засега работите се одвиваат подобро од очекувањата со попретпазливото сценарио на овој ресор за справување со кризата
Македонците најчесто купуваат онлајн од Обединето Кралство, Унгарија и САД. Од македонски веб продавници, пак, најмногу се купува онлајн со американски платежни картички, покажуваат податоците за реализирани трансакции во текот на 2019 година, објавени на веб страната на Народната банка
Според неа, клучно е тоа што шокот со кој сега се соочуваат економиите заради пандемијата на ковид-19, не е од економски карактер и оттука, иако се очекува ефектите на краток рок да бидат поголеми, сепак тоа не би требало позначително да се одрази врз долгорочниот потенцијал за раст на економиите и врз макроекономската стабилност