Растот во земјата за 2020, според извештајот, се прогнозира да биде меѓу -1,4 и -3,2 проценти – во кој се дава основно и неповолно сценарио во однос на високата несигурност што ја носи пандемијата.
Еврообврзницата ќе биде издадена кога ќе бидат создадени најповолни услови. Процесот е започнат и постапката тече, изјави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска на прес-конференција во Владата.
Ангеловска потенцираше дека мерката се однесува за сите дејности и оти во неа се вградени сите предлози, критики, сугестии и барања што ги слушнале од стопанството во изминатиот период.
Македонија направи прогрес во објавување на клучни информации кои може да и помогнат на јавноста да ги разбере буџетските политики, одлучувањето и резултатите според последното истражување на Меѓународното партнерство за буџети-МПБ.
Од денеска почнува аплицирањето за вториот пакет бескаматни кредити преку Развојната банка во висина од осум милиони евра
Во трите групи заедно, се одобрени вкупно 631 кредитни апликации во вкупен износ од 4,7 милиони евра, за компании со 5,588 вработени.
Таа информира дека од превозниците во Макам-транс, 18,9 проценти ја искористиле првата мерка за бескаматни кредити од Владата. Но, потенцира, тоа е обврска за враќање и за жал, толку се лоши условите што тешко доаѓаат до средства и да ги исполнат.
Трипуновски во изјава пред зградата на Владата, истакна дека, наместо грижа за земјоделците, се дава приоритет на донесување правилници за извоз на необработени дијаманти.
Во споредба со февруари, зголемување на цените има во групите Трајни производи за широка потрошувачка и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,4 проценти, како и во групата Интермедијарни производи за 0,2 проценти
Асоцијацијата на здруженија на работодавачи на превозните трговски друштва во државава Макам-транс за денеска напладне најави протест со барање да се укине Уредбата за зголемување на акцизата на горивата за три денари и да се воведе прогресивен данок на доход за сите стопански и нестопански дејности