Туристичките бизниси во регионите на Охрид, Струга, Дебар, Центар Жупа и Вевчани далеку заостануваат зад новитe трендови. Треба сериозно да го преиспитаат својот пазарен пристап и да ги направат понудите попривлечни за современите туристи кои бараат автентични искуства со додадена вредност.
Откупната цена на доматите на Пазарот на големо денес падна на пет денари за килограм, реагираат претставници на земјоделски здруженија од Струмичкиот регион. Велат дека една гајба од десет килограми се откупува од 50 до 60 денари, што за нив не е исплатливо.
Вкупно 692 договора за набавка на трактори преку ИПАРД 2 вредни 5,8 милиони евра, ќе бидат потпишани во наредните денови.
Вчера попладне Министерот за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија пред струмичките бизнисмени ги представи можностите кои им ги нуди Законот за финансиска поддршка на инвестициите и ги повика да инвестираат во сопствените капацитети и да аплицираат.
Финишираме план за соработка со една од најмоќните глобални ИТ компании во светот, истакна премиерот Зоран Заев на денешната средба во Скопје со делегацијата на компанијата Мајкрософт што ја предводеше Филип Рог, претседател на компанијата за Централна и Источна Европа.
Социјална заштита минатата година користеле 14 758 малолетници и 43 040 полнолетни лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Дводневна обука за ментори за организициски развој ќе се одржи во Стопанската комора на Македонија во организација на Македонското здружение за заштита при работа и во соработка со Организацијата на работодавачи и Сојузот на синдикати на Македонија.
Просечната исплатена нето плата по вработен во државното акционерско друштво „М-НАВ” е 115.397 денари односно 1.867 евра, покажуваат официјалните податоци на независната ревизија на „М-НАВ” за 2016 година.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев заедно со министерот за економија Крешник Бектеши денеска ја посетија ТИРЗ кај Тетово. Тие најпрво ја посетија фабриката „Леар“, а потоа се сретнаа и со раководството на ТИРЗ „Тетово“.
Компанијата ТЕ-ТО АД Скопје ја поздравува одлуката на надлежниот суд за одобрување на планот за реорганизација со цел финасиска консолидација на компанијата и можност да продолжи редовно да работи.