Заврши откупот на тутунот од минатогодишната реколта. Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ), откупени се над 25,2 милиони киограми тутун по просечна откупна цена од 214,24 денари за килограм, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Во рамки на предистражната постапка од МТСП било побарано и до ОЈО дополнително доставило документи кои се однесуваат на вршењето на надзорот на Министерството врз работата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Според последните достапни податоци од НБРМ кои се однесуваат на третиот квартал од 2018 година, со платежни картички се направени трансакции во вредност од 100 милиони евра за купување онлајн што претставува 28% пораст во однос на истиот период минатата година.
Политиката на зголемување на платите е приоритет на Владата. Затоа преземаме низа мерки за раст на платите, меѓу кои и покачувањето на минималната плата, но и воспоставување законски механизам за нејзино редовно усогласување, вели министерствот за финансии Драган Тевдoвски во интервју за Радио Слободна Европа
Во организација на Агенција за промоција и поддршка на туризмот и на меѓународниот саем за туризам „Place2Go”, Република Македонија е прва земја партнер на овогодинешната самска манифестација што од 15-ти до 17-ти овој месец се одржува во Загреб, Хрватска
Во изминативе години се забележува побрз раст на секторот финтек во Централна и Југоисточна Европа, иако тој значително заостанува зад оној во развиените економии
Со затворање на откупните пунктови во земјава, денеска и официјално завршува откупот на ланската реколта тутун. Според директорот на Државниот земјоделски инспекторат, Благој Индов, откупот помина без проблеми и се откупени околу 25.250 тони тутун со просечна цена од 21,424 денари за килограм.
Потпишување договор за избегнување на двојното оданочување со Македонија, бараат од Федерацијата на индустрии на Грција во писмото испратено до грчкиот министер за финансии, Евклидис Цакалотос, објавија грчките медиуми.
Владата и Министерството за локална самоуправа работат на воспоставување на систем што ќе обезбеди транспаретно и рационално користење на буџетските средства за развој на планските региони, истакна денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на средбата со градоначалниците од Скопскиот плански регион.
Собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија денеска даде поддршка на Националната програма за железничка инфраструктура за периодот 2019-2021 година, чија реализација ќе чини 16.667.761.134 денари (271.904.750 евра).