Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска ќе го посети погонот на компанијата „Пофикс“ во индустриската зона Тетово.
Според ресорното Министерство, наспроти тезите на ВМРО-ДПМНЕ за некаков крах, инвестициите во патната инфраструкура само оваа година ќе преминат преку 270 милиони евра за изградба, реконструкција и рехабилитација на околу 800 километри патишта во Македонија.
Според Анѓушев, во делот на текстилната и кожарската индустрија има бројни проблеми, кои најпрвин, како што вели, ќе се обидат да ги детектираат, а потоа со законот кој веќе е донесен дел од нив и да се решат.
За само четири години од доаѓањето во Македонија, оваа гринфилд инвестиција вредна 15 милиони евра обезбеди 440 нови работни места.
Предлог-законот за енергетика ги нуди сите неопходни инструменти за граѓаните да не се плашат од целосната либерализација на пазарот на електрична енергија која е предвидена со него, носи сигурност.
Македонската берза денеска ја организира 19-та Годишна конференција која ќе се одржи во Охрид.
АД ЕЛЕМ во текот на вчерашниот ден продаде вишоци електрична енергија во количина од 88.320 мегават часови, по цена од 43,87 eвра за мегават час. Вкупната заработка за компанијата е 3.874.598 евра.
Откако актуелниот гувернер му дал согласност на претседателот Иванов за негова повторна кандидатура, г. Димитар Богов остварил средба со премиерот Заев на која му ја искажал согласноста за одлуката на македонскиот претседател за негова повторна кандидатура.
Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за економски прашања.
Претставници на менаџментот на „Триглав“, осигурителна и финансиска групација во Словенија и регионот Адрија денеска на средба со премиерот Зоран Заев изразиле интерес за влез на македонскиот пазар во областите во кои не се присутни.