Со Предлог-закон за енергетика се врши усогласување со законодавството на ЕУ, со цел да има пренос и диструбуција на електрична енергија за сите.
Премиерот Зоран Заев денеска на средба со делегација на Светска банка беше информиран за позитивните прогнози за економски раст во Македонија кои неодамна беа презентирани во Редовниот економски извештај на Свестка банка за Западен Балкан.
Собранието на Република Македонија во рамки на 45.седница ги усвои дополнетиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат, како и предлог-законот за странци во прво читање.
Гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов смета дека институцијата не смее да се остави без прв човек, бидејќи тоа би имало негативни импликации врз економијата на државата.
Дисциплинска постапка е поведена против Ѓоре Палитов, претседател на Синдикатот во „Фени“, од страна на стечајниот управник на комбинатот во стечај.
Македонија ќе ги користи можностите од Зелениот климатски фонд за периодот од октомври 2017 до март 2018 година, информира денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Народната банка на Република Македонија ја задржува проекцијата на раст на БДП за годинава до 3,2 проценти и за наредната година до 3,5 проценти.
Собранието на Република Македонија денеска на првото продолжение на 45. седница го донесе Законот за финансиска поддршка на инвестициите.
Синдикатот на „Еурокомпозит“ денеска го прекина штрајкот и протестот пред Владата по постигнатиот договор со премиерот Зоран Заев.
Доцна синоќа владата постигна договор со вработените од Еурокомпозит, при што е договорено во понеделник линеарно на сите вработени да им се исплати платата, информира денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.