Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија денеска официјално побара од Владата да се одложи законскиот рок за спроведување ревизии до 30 септември 2020 година.
Катерина Петровска од Групацијата на трговци денеска на прес-конференција истакна дека за нив како мали субјекти постоеле голем број ограничувачки фактори за да аплицираат за мерките.
Стопанската комора на Македонија ја поздравсува најавата од Владата дека од наредната недела ќе започне интензивна комуникација со претставници на стопанските комори при што Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести ќе им дадат јасна насока на економските оператори
Како што најави во одговор на прашање, денеска ќе има средба во Министерството за финансии за иницијативата да има т.н. совет за фискални мерки.
Од овие апликанти, 165 се нови, односно првпат поднесуваат предлог – проекти до Фондот, 33 аплицираат по втор или повеќе пати, додека само 5 се постојни корисници на средства на Фондот.
Тој информира дека до денеска се откупени близу 85 илјади јагниња, за разлика од минатите години кога откупот бил околу 180 илјади.
Тој информира дека за 28.070 корисници на оваа финансиска поддрша веќе се изготвени решенијата и во многу брз период ќе бидат исплатени. Сите останати основни мерки предвидени по оваа програма, како што појасни Бабовски, веќе се исплатени.
Претставниците на угостителскиот сектор до понеделник треба да ги достават сите нивни предлози за начинот на поддршка од државата, но и за користењето на Фондот за туризам преку кој сега се на располагање 95 милиони денари.
Министерката за финансии Нина Ангеловска вели дека би настојувале да го прифатат предлогот на Стопанската комра на Македонија за зголемување на акцизата на нафтата и информира дека се изработува и предлог уредба заедно со Царинската управа
За Асоцијацијата на камионски превозници Макам-транс е неприфатлива, нерационална и несолидарна мерката што ја предложи Стопанската комора на Македонија за зголемување на акцизата на горивата