Дозволите што се издадени од работодавачот, потенцира Владата, не треба да бидат заверени и потврдени од страна на Министерството за внатрешни работи или надлежното ОВР.
Во првите два месеца од годинава вкупната вредност на извозот на стоки од нашата држава изнесува 1.074.461.000 долари и бележи пад од 0,2 проценти во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика
Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на трошоците на животот во март 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7,2 отсто, цигарите за 4,1, маслото и маснотиите за 3,4
Иако општата констатација на инспекторатите е дека поголемиот дел од субјектите ги почитуваат владините мерки за превенција од корона вирусот, за жал, еден дел од угостителските објекти посебно во руралните средини продолжуваат да ги прекршуваат владините мерки.
Се зголемува дневното време на управување со возило на мобилните работници во патниот сообраќај од 9 на 11 часа додека трае вонредната состојба, а дополнително се одложуваат полагањето на испитите и рокот на важење на сертификатите за професионална компетентност
Туристичко угостителската комора на Македонија денеска објави дека илјадници угостителски објекти кои тие ги застапуваат нема да ги користат мерките на Владата бидејќи, како што посочија оттаму, се недоволни и селективни и ќе придонесат за нивно дополнително задолжување.
Државниот инспекторат за труд апелира до вработените да не потпишуваат договори или отказни решенија ако не се сигурни што тие значат. Препорака е да се внимава што се потпишува или да се направи консултација со стручни лица.
Угостителите сметаат дека од исклучителна важност е јавноста да знае дека сите мерки кои се моментално донесени и предложени, само ќе им ги зголемат долговите после кризата, за која не се знае кога ќе заврши.
Државна видеолотарија донира 11.107.000 денари за јавното здравство, со цел да придонесе во напорите за справување со Ковид-19
Со цел укажување помош во најкритичните моменти со кои се соочува државата, Витаминка издвои буџет од 3,5 милиони денари за поголем број донации што се реализирани од почетокот на кризата со COVID-19 па досега