Да ја заштитиме ликвидноста на буџетот за да ги сервисираме обврските и да ја заштитиме ликвидноста на стопанството кое потоа треба да се рестартира. Ова се целите по кои се раководиме во справувањето со кризата и менаџирањето со буџетот, рече министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за Радио Слободна Европа
Сите ние без разлика на дејноста која што ја извршуваме во изминатиот месец и претстојниот период не сме во можност да ги плаќаме нашите обврски. Се разбира тука спаѓаат кирии, плати на вработени, режиски трошоци а кај многу од нас и рати за кредити.
Одложување на отплатата на обврските по кредитите до шест месеци, понудија банките и штедилниците за граѓаните поради кризата, а олеснувања за отплата најавуваат и нефинансиските друштва и за оние граѓани што имаат брзи кредити.
Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво, нагласува Народната банка по објавите во некои медиуми и на социјалните мрежи во кои се коментираат девизните курсеви на онлајн платформи
Одложување на отплатата на обврските по кредитите до шест месеци, понудија банките и штедилниците за граѓаните поради кризата, а олеснувања за отплата најавуваат и нефинансиските друштва и за оние граѓани што имаат брзи кредити
Возачи на камиони, Ви благодариме! Вие сте нашата надеж! Транспаренти со ваква содржина се поставени на сообраќајниците во Скопје и граничните премини Табановце и Богородица.
На 10 отсто е утврдена највисоката трговска маржа за трговските друштва и трговците поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо со аргуми, а до 15 отсто во трговијата на мало.
Владата попладнево соопшти дека за време на полицискиот час што утре и задутре (сабота и недела) ќе почнува од 16:00 часот и ќе трае до 05:00 часот следното утро, производствените погони и фабрики го продолжуваат своето производство организирано во смени.
Денес со донесена уредба од страна на Владата на Република Македонија, а во насока на превенција од Corona-19, се овозможува секоја фирма да издава фактури во електронска форма, ПДФ, без разлика дали е потпишана со дигитален сертификат или не, до своите клиенти.
Постои можност сметките за потрошена електрична енергија за март, април и мај годинава да се плаќаат на рати поради актуелната состојба со коронавирусот, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.