Денес со донесена уредба од страна на Владата на Република Македонија, а во насока на превенција од Corona-19, се овозможува секоја фирма да издава фактури во електронска форма, ПДФ, без разлика дали е потпишана со дигитален сертификат или не, до своите клиенти.
Постои можност сметките за потрошена електрична енергија за март, април и мај годинава да се плаќаат на рати поради актуелната состојба со коронавирусот, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.
Од банката потенцираат дека понудата важи за сите кои немаат нефункционални кредити, односно клиенти кои имаат кредитна изложеност во банката со класификација А, Б и В редовни на датум 29.02.2020 година.
На интернет страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) од денеска е поставен банер за полесен пристап на земјоделците до новатa апликација „Понуда-Побарувачка“ на Земјоделскиот пазарен информативен систем (ЗПИС).
Микропретријатија од услужна дејност, пред се продавници и бутици, од Владата бараат бруто платите за вработените да бидат на товар на државата за време на траењето на вонредната состојба поради коронавирусот.
Стопанската комора на Македонија соопшти дека активно комуницира со Стопанската комора на Србија во врска со информациите дека има застој во транспортот на камиони на српско-македонска граница.
Како компаниите кои работат до 20 часот ќе реализираат втората смена ако се знае дека забраната за движење почнува порано, во 16 часот, јавно прашува Стопанската комора на Македонија и, како што наведува, бара брз и јасен одговор од надлежните.
Асоцијацијата на превозници „Исток“ денеска упати реакција до Владата за објавениот повик за аплицирање за директна финансиска помош од државата од Посебниот кредитен фонд за подобрување на ликвидноста на компаниите
Со цел полесно надминување и ублажување на негативните ефекти од кризната ситуација предизвикана од пандемијата на вирусот COVID-19, НЛБ Банка презема посебни мерки за поддршка на сите свои клиенти, физички и правни лица
Во моментов нема нарушување на домашниот пазар од увезените албански краставици. Стабилна е состојбата и со раната зелка за која интензивно се бараат странски купувачи